По отпаѓањето поради повреди на Лука Заховиќ и Домна Чрнигој за квалификацискиот натпревар против Македонија на 10. октомври во Скопје, словенечкиот селектор Матјаж Кек дополнително го повика младиот Адам Гнезда Черин.
20-годишниот фудбалер од средниот ред на германски Нирнберг треба да биде дополнувањето на играчкиот кадар за пресметката со македонската репрезентација во Скопје.
„Черин е повикан затоа што навистина може да биде во функција на тимот за октомвриските квалификациски натпревари. Во договор со селекторот на младата репрезентација се одлучивме Черин, поради повредите на дел од стандардните репрезентативци, да биде приклучен на сениорската репрезентација“ – изјави Матјаж Кек.
Словенечката репрезентација во Скопје доаѓа во среда во утринските часови во пресрет на дуелот кој се игра на 10. октомври на националната арена „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА