Кек го превзема Динамо Загреб, Просинечки ќе ја води Словенија?

Хрватските медиуми деновиве шпекулираат за тренерска смена во таборот на Динамо Загреб, а тоа автоматски ќе повлече и смена на селекторската клупа на Словенија.

Матјаж Кек, актуелниот селекторт на Словенија, кој остана без договор откако завршија квалификациите за СП, би можел наскоро да седне на клупата на Динамо, и да ги предводи нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Со Ристовски веќе соработуваше во Ријека, кога го направи најголемиот успех, освојувајќи ја титулата и со тоа прекинувајќи ја доминацијата на Динамо.

Кек се поврзуваше и со Хајдук, но тогаш ја одби можноста и најави дека останува на селекторското место во Словенија, но сега добра понуда од Динамо би можел да го смени мислењето.

Ако Кек замине во Динамо, тогаш се шпекулира дека Словенија ќе ја води прославениот хрватски фудбалер, Роберт Просинечки. Последен ангажман на Просинечки беше во Денизлиспор. Има и искуство како селектор, откако ги водеше репрезентациите на Азербејџан и на БИХ.

Се вчитува...