Кек: Македонија заслужено победи, ние не бевме на потребното ниво

Словенија се надеваше на позитивен резултат од Скопје, но Матјаж Кек седна на истото столче (крајно десно) на кое провоцираше на пресот пред мечот и призна дека Македонија беше подобра. Славевме вечерва со 2-1 со двата гола на Елиф Елмас.

„Честитки за Македонија, заслужено победи. Ние потфрливме како тим. Колку што бевме добри на мечот на кој ја совладавме Полска, толку бевме лоши на денешниот меч. Илузорно е да се анализираат поединци, Македонија не доби со одлична тимска игра и поставеност. Ние можеме да честитаме и да се насочиме кон следниот меч“, изјави Матјаж Кек.

Словенците в недела во Љубљана ја пречекуваат селекцијата на Австрија.

Се вчитува...