Кек продолжи со Словенија, сега Просинечки е фаворит за Динамо Загреб

Ништо од Матјаж Кек на клупата на Динамо Загреб. Словенечкиот тренер беше најсериозен кандидат, но федерацијата на Словенија објави дека го продолжила договорот со селекторот до 2024 година, односно дека Кек ќе ја води селекцијата и во квалификациите за ЕП 2024 година.

Со тоа пропаѓа можноста екс-стратегот на Ријека да биде новиот предводник на „модрите“, па така сега Динамо се врти кон Роберт Просинечки. Поранешниот хрватски репрезентатиец во моментов е без работа. Последен ангажман му е Денизлиспор во 2020 година.

Исто така еден од кандидатите е и Игор Бишчан. Во моментов Динамо го води Жељко Копиќ, кој беше назначен за последните натпревари до крајот на есенскиот дел, по што екипата ќе добие нов предводник за пролетниот дел од сезоната по оставката на Дамир Крзнар.

Се вчитува...