Кел: Не сакам да ја прекинам еуфоријата, но имаме уште еден меч

На Борусија Дортмунд му треба само победа против Мајнц во последното коло за да ја освои титулата во Германија после 11 години пауза.

Меѓутоа од раководството и од стручниот штаб на Борусија предупредуваат дека нема потреба од еуфорија пред одлучувачкиот меч, додека фановите веќе ја  слават шампионската титула.

„Не сакам да ја прекинам еуфоријата на навивачите. Направивме голем чекор кон титулата со победата вчера. Не треба да ја собереме еуфоријата. Ни треба енергија за уште 90. минути на нашиот стадион, енергија каква што не краси во изминатите неколку недели“, рече спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

Борусија Дортмунд може да ја освои титулата и да не победи, но во тој случај Келн ќе треба да остане непоразен на домашен терен од Баерн Минхен.

Се вчитува...