Келиф не смее да боксува на СП во Ливерпул, одби тестирање на полот

Светското првенство во бокс стартува денеска во Ливерпул, а на ова големо натпреварување нема да ја видиме Иман Келиф, олимписката шампионка од ланските ОИ во Париз.

Таа предизвика бурни реакции откако рутински се прошета до златниот медал, а бројни ривали и боксерски аналитичари ја обвинија дека е машко што се натпреварува во женска конкуренција. Келиф имаше забрана за настап од Светската Боксерска Федерација во Париз, но бидејќи станува збор за натпреварување под капата на ИОК таа доби зелено светло за учество и доминантно сстигна до златниот медал, што крена уште поголема прашина со сугестиите дека само машко може така да доминира во рингот во женска конкуренција, како што тоа го правеше Иман Келиф.

Во меѓувреме беше новоформирана организацијата „World Boxing“ која е сега кровна светска боксерска организација. Таа побара од Келиф да направи генетско тестирање и ДНК анализа за да се утврди какви полови кромозоми има во организмот.

Келиф одби да биде тестирана, по што и беше изречена суспензија, поради која таа нема да може да боксува на овој светски шампионат.

Се вчитува...