Келн им се поклони на ЕВРОПСКИТЕ ШАМПИОНИ (видео)

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Еуфорично е вечерва во Келн, откако Вардар испиша историја искачувајќи се на врвот на ракометна Европа. Публиката знае да го цени шампионскиот карактер, па сите беа на нозе во „Ланксес арена“, за да ги поздрават новите европски прваци.

Откако „сребрените“ Французи го напуштија пиедесталот, кон него се упатија македонските асови. Онака како што доликува, предводени од Столе „Македонски“ Стоилов, со нашето знаме околу него. Зад него следеа Дибиров, Милиќ… па сите останати кои играа или гледеа од трибините, како Ангелов и Недановски.

Кој и колку играше е најмалку важно во моментов, она најзначајното е  – ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ПРВАК, а Келн знае да ги цени најголемите, па ракометна Европа вечерва со право му се поклонува на македонскиот црвено-црн „џин“.

Се вчитува...