Келн потврди: Чурлинов е нов член на Штутгарт

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, го напушти Келн и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Штутгарт. Договорот што младиот напаѓач го имаше со Келн беше пред истек, Чурлинов не се договори за продолжување на соработката, по што „овните“ решија да го продадат.

Од неколкуте понуди на негова адреса Чурлинов ја избра онаа на второлигашот Штутгарт, по што клубовите интензивно преговараа за комплетирање на трансферот. Македонецот од денеска почна со тренинзи со новиот клуб, иако се уште не е официјализирана неговата преселба во таборот на Штутгарт.

„Можеме да потврдиме дека се договоривме со Штутгарт за трансферот на Дарко Чурлинов. Останува уште да се средат завршните формалности за трансферот да се официјализира, но Чурлинов од денеска „со гостинска дозвола“ почна со тренинзи во Штутгарт“ – објави Келн преку официјално клупско соопштение.

Се вчитува...