Келн со роденденско видео за Дарко Чурлинов

Германскиот бундеслигаш Келн со видео му го честиташе 19. роденден на еден од најталентираните македонски фудбалери Дарко Чурлинов. Тој минатите години беше еден од најдобрите фудбалери во младинскиот погон на клубот каде на 18 натпревари постигна 25 гола, а годинава на подготовките добива шанса и во првиот тим. На првите два пријателски натпревари четири пати се запиша во листата на стрелците.

 

 

Се вчитува...