Келн убедлив со Падерборн, Чурлинов остана на клупата

Келн убедливо триумфираше со 3-0 против Падерборн во 8. коло од Бундеслигата, по што се издвои барем за чекор од последните позиции на табелата.

Триумфот на домашните го најави Тероде уште во 9. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Шауб во 59. минута, а конечните 3-0 ги постави Борнаув во 85. минута.

Македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов се најде на клупата за резервни фудбалери, но не доби шанса за настап на натпреварот.

Се вчитува...