Келн зема и репрезентативен данок, Манасков откажа, Стоилов неизвесен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дејан Манасков му го откажал настапот на селекторот Данило Брестовац за двата завршни натпревара од евроквалификацискиот циклус за пласман на континенталниот собир следната година. Покрај крилото кое беше со Веспрем на завршницата од Лигата на шампионите и Столе Стоилов поради настапот со Вардар на Ф4 турнирот во Келн најверојатно ќе одигра еден од двата предвидени натпревара.

Репрезентацијата ќе биде комплетна до првиот тренинг, според селекторот Брестовац, голманот Ристовски, од настинка, ќе се опорави навреме за претстојните дуели.

Македонската ракометна репрезентација во финишот од квалификациите влегува како првопласирана во групата со пет бода. Идентичен број бодови има и Исланд, но нашиот тим е подобар во меѓусебниот дуел.  На македонската репрезентација и се потребни две победи за да го задржи првото место во групата со што ќе има подобра позиција во пресрет на ждрепката. Средбата со Турција е на 12. јуни во гости, а дуелот против Грција на 16. јуни ќе биде одигран во Струмица.

 

 

Се вчитува...