Келнерка го пронашла Тот како лежи во трева!

Ракометна Македонија е завиена во црно откако денеска почина Денис Тот, хрватскиот ракометар кој последните години ги мина во нашиот шампионат, а сезонава го носеше дресот на РК Бутел.

Ракометарот на Вардар Анте Гаџа во изјава за „Вечерњи лист“ вели дека не го познавал добро Тот, но дека чул дека келнерка го нашла како лежи во трева, по што повикала брза помош.

„Страшно е тоа што се случи. Не го познавав Тот така добро, знаевме да се поздравиме и да си размениме неколку збора кога игравме еден против друг. Ниту се гледавме, ниту се дружевме надвор од терен. Што се однесува до пишувањата за евентуален напад, тоа ме чуди затоа што сите тука во Македонија го сакаат ракометот. Лично сум немал проблеми во градот и не верувам дека некој го нападнал туку-така. Кружат секакви приказни, така што не знам што би кажал, а да е близу до вистината. Соиграчите во соблекувалната зборуваа дека келнерка го нашла како лежи во тревата, па повикала брза помош“, изјави Гаџа.

Се вчитува...