Кенин до билет за финалето, против Свијонтек ќе брка втора гранслем титула

Софија Кенин е втората финалистка на Ролан Гарос откако успеа да триумфира во полуфиналната пресметка против Петра Квитова со 2-0 во сетови. Американската тенисерка годинава веќе има еден гранслем трофеј, од Австралија Опен, по што на саботното финале ќе се обиде да стане првата тенисерка по Викторија Азаренка во 2016 што во една година успеала да освои најмалку две титули од најголемите турнири.

Кенин уште од самиот почеток го диктираше темпото во полуфиналето, поведе со 4-1 и го доби првиот сет со 6-4. Американката беше подобра и во вториот сет, прокоцка сервис за победа при 5-4, но веднаш потоа се рехабилитираше, ги доби следните две гејма за победа и место во финалето, каде ќе се сретне со Ига Свијотнек од Полска.

Двете финалистки имаат вкупно 40 години (Кенин 21 и Свијонтек 19), со што ова ќе биде „најмладото финале“ во женска конкуренција уште од 2003 година, когаа 21-годишната Жастин Анин ја совлада 19-годишната Ким Клајстерс.

Се вчитува...