Кепа бил „план Б“: Облак одбил трансфер од 100 милиони евра во Челси

Челси изненадувачки плати дури 80 милиони евра за Кепа од Атлетик Билбао, правејќи го 23-годишниот Шпанец најскап голман во фудбалската историја. Сепак, весникот „Дејли мејл“ во денешното издание открива дека лондонскиот клуб имал друг приоритет во преодниот рок, а тргнал по Кепа дури откако бил одбиен од страна на Јан Облак.

Свесни дека Куртоа се наоѓа пред трансфер во Реал Мадрид, челниците на Челси тргнале во офанзива по врвен голман. Во недостиг на време бидејќи преодниот рок во Англија заврши во четвртокот, тие искажале подготвеност и да ја активираат клаузулата од огромни 100 милиони евра за Облак, во договорот што словенечкиот голман го има со Атлетико Мадрид.

Сепак, веднаш потоа следело и разочарување за „сините“ откако Облак ги откачил, јасно ставајќи до знаење дека без оглед на висината на платата што ќе му биде понудено, негова желба е да остане во Челси.

Дури потоа следеле и преговорите за Кепа, за кого Атлетик Билбао воопшто не сакал да преговара, па Челси бил принуден да плати 80 милиони евра за да ја активира неговата клаузула и да го доведе Шпанецот на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...