Кепа на клупа и победа за Челси, Ливерпул разигран, Сити рационален

Кепа Аризабалага остана на клупата за резерви, а Челси го совлада Тотенхем на „Стемфорд бриџ“ со 2-0, со голот на Педро и автоголот на Трипие.

Ливерпул беше убедлив и со 5-0 славеше над Вотфорд. Мане постигна сензационален гол со петица, беше двоен стрелец, исто како и Вирџил ван Дајк, а во листата на стрелците се запиша и Дивок Ориџи.

Манчестер Сити рационално го совлада Вест хем со 1-0 на „Етихад“. Стрелец на победничкиот гол беше Серхио Агуеро од пенал во 59.минута.

Манчестер Јунајтед и покрај многуте повреди оствари триумф (1-3) на гости против Кристал Палас. Двоен стрелец беше Ромелу Лукаку, а го дополни со трет гол и Ешли Јанг.

Резултати Англија: Челси – Тотенхем 2-0, Кристал Палас – Манчестер Јунајтед 1-3, Ливерпул – Вотфорд 5-0, Манчестер Сити – Вест хем 1-0.

Се вчитува...