Френк Лампард го информирал Кепа Аризабалага дека нема да биде на голот на Челси во следната сезона.На Шпанецот му било кажано да си бара нов клуб. Овие тврдења се појавија денеска неполни 24 часа по последниот натпревар на Челси во Премиер-лигата на кој Кепа воопшто не беше во тимот и наводно веќе бил во Шпанија.
Лошите изданија на најскапиот голман на светот не го потврдија очекуваниот квалитет и потребното ниво, па Кепа на крајот од сезоната го загуби статусот на број еден. Челси веќе покажа интерес за Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид кој пак не крие дека има амбиции да оди во поголем клуб со кој би можел да освојува трофеи.
Со оглед на последните случувања крајно неизвесно е дали Кепа ќе биде во Челси за финалето на ФА купот портив Арсенал на 1. август и за продолжението од Лигата на шампионите и возвратниот меч со Баерн Минхен на „Алинајц Арена“ една седмица подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА