Кер: Ѓоковиќ би бил одличен кошаркар

Тренерот на НБА шампионот, Голден Стејт, Стив Кер, би го зел Новак Ѓоковиќ во тимот. Во интервју за официјалната страница на АТП,, Кер кој е љубител на тенисот зборува за троцата најголеми во овој спорт, Федерер, Надал и Ѓоковиќ и вели оти во овој период имаме привилегија да ги гледаме најдобите играчи во историјата. Тој има пофални зборови за сите тројца, а од кошаркарски аспект најсимпатичен му е Ѓоковиќ.

„Би пробал со Ѓоковиќ. Мислам дека може да чува секого. Одлично се движи од едната на другата страна и сметам дека би останал цврсто пред било кој играч. Би бил и добар во контрите. Би сакал да го видам на кошаркарски терен“ – вели Кер.

Тренерот на Голден Стејт ги следи мечевите на УС Опен, а со екипата некогаш гледаат и на турнири во други земји како што беше Мастерсот во Шангај на кој играчите се сретнаа со Роџер Федерер.

 

 

Се вчитува...