Кер: Не знам дали и следната сезона ќе бидам тренер на Голден Стејт

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер кој е четирикратен шампион во НБА со тимот од Сан Франциско, по завршувањето на сезоната на Вориорс во петокот вечерта навести дека постои можност да не се врати во клубот следната сезона.

„Можеби ќе продолжam, а можеби и не искрено не знам“, рече Кер откако Вориорс загубија од Феникс санс со 96-111 во плејофот, што е четврти пат во последните седум сезони Голден Стејт да не успее да се пласира во плејофот.

Во последните моменти од натпреварот во Аризона, Кер ги прегрна Стеф Кари и Дрејмонд Грин, двајца играчи со кои ги освои сите четири шампионски прстени.

Се вчитува...