Денвер предводен од Никола Јокиќ и Голден Стејт предводен од Стеф Кари си ги одмерија силите изминатата вечер во НБА лигата во натпревар во кој Србинот и Американецот ги предводеа своите тимови со 35 поени, 13 скокови и пет асистенции, односно 23 поени, пет скокови и четири асистенции, а на победа од 108-105 се радуваа Нагетс.
По натпреварот за Јокиќ и Кари говореше и тренерот на Голден Стејт, легендарниот Стив Кер кој изјави дека двајцата имаа различен, уникатен стил на игра преку кој доминираат на теренот што е убавината на овој спорт.
„Збориме за најдобрите два кошаркари на денешницата, а навистина не знам како би ги рангирал во однос на најголемите во овој спорт, но верувам дека се тука некаде. Двајцата се одлични кошаркари, уникатни. Играта им е инспирирана од постарите кошаркари, но имаат свој уникатен стил поради кој е убаво да ги гледате. Тоа е и најубавата работа во кошарката што може да видите различни кошаркари кои на свој, различен начин доминираат на теренот“, вели Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА