Кербер емотивно: Серена, ти си вистинската шампионка!

Германската тенисерка Анжелик Кербер по првиот триумф на гранслем турнирот Вимблдон, многу емотивно и се обрати на големата противничка, Американката Серена Вилијамс. Ја победи со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) во финалната пресметка, но потоа јавно порача дека таа е вистинската шампионка, која е мотивација за останатите тенисерки од ВТА-тур.

„Ми беше чест што се борев со најдобрата во историјата. Серена Вилијамс, ти си вистинската шампионка, и си инспирација за сите нас. Ова за мене е среќен ден, успеав да стигнам до трофејот што го посакува секоја тенисерка. Верувам дека ти веќе на следниот гранслем турнир ќе го освоиш пехарот“, изјави Кербер.

Се вчитува...