Кербер и Шарапова елиминирани, Надал во четвртфиналето во Мелбурн

Елиминацијата на шампионката од Вимблдон и поранешна шампионка на Австралија Опен, тенисерка број два во светот, Анжелик Кербер досега е најголемото изненадување на првиот годинашен грен-слем турнир. Германката го загуби осминафиналниот дуел со 35. на ВТА листата, Австралијката Данел Колинс во два сета во кои доби само два гема. мечот траеше 56 минути.

Дебитантката Колинс во четвртфиналето ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Слоун Стивенс и Анастасија Павличенкова.

 

Уште една Австралијка направи подвиг во осминафиналето. Ешли Барти ја елиминираше Марија Шарапова. Русинката се бореше многу повеќе од Кербер, одигра три сета, решавачкиот го загуби со 6-4 откако претходно го доби воведниот со 6-4, а потоа тргна пресвртот на Барти на која вториот сет и припадна со уверливи 6-1.

Барти за место во полуфиналето ќе игра против Петра Квитова која забележа осминафинален триумф од 2-0 во сетови во мечот со Американката Аманда Анисимова.

 

Рафаел Надал во четвртфиналето ќе игра против Франсис Тијафо. Шпанецот го обезбеди 37. четвртфинале на грен-слем турнирите победувајќи го Томаш Бердих со 3-0 во сетови (6-0.6-1,7-6). Тијафо оди меѓу осумте најдобри по осминафиналната победа од 3-1 во сетови на Григор Димитров.

 

Се вчитува...