Ќерката на Пеле: Мојот татко беше среќен што Меси го освои Светското првенство

Фудбалерите на Бразил имаа голема желба да го освојат Светското првенство во Катар поради Пеле. Трофејот сакаа да му го посветат нему, меѓутоа во меч за полуфинале беа поразени од Хрватска. Пеле во тие денови ја губеше битката со тешката болест, а славниот бразилски фудбалер почина 29 декември, 11 дена после финалето на Мундијалот.

Ќерката на Пеле Кели Насименто открива дека нејзиниот татко бил во многу лоша состојба, и кога испаднал Бразил, дека сакал Меси да го освои трофејот. На крајот не можел да го гледа финалето, но сфатил дека Меси и Аргентина се победници.

„Веќе беше многу лошо кога Бразил изгуби од Хрватска. Сите од Бразил сакаа да го освојат Светското првенство поради мојот татко, а тој го разбираше фудбалот многу добро. Знаеше дека има можност титулата да ја освои некој друг, и затоа секогаш збореше дека ова е прекрасна игра. Откако Бразил загуби, сите влетаа во болничката соба и го прашаа кој ќе го освои Светското првенство. Се надеваа дека тоа нема да биде Аргентина, а тој им рече дека сака токму Аргентина да го освои, и трофејот да остане во Јужна Америка, и Меси тоа го заслужува. Веќе не беше во состојба да го гледа финалето, но сфати дека Аргентина победи и беше среќен што Меси го подигна пехарот“, рече таа.

Се вчитува...