Ќерката на Седлоски го замени Вардар со Локомотива Загреб

Гоце Седлоски летово си замина од Вардар прифаќајќи ја понудата за да стане тренер на вториот тим на Динамо Загреб, што придонесе да дојде и до промена во кариерата на неговата ќерка Андреа.

Оваа 17-годишна ракометарка го носеше дресот на Вардар и важи за голем потенцијал на бековската позиција, веќе беше повикана и на собирите на сениорската репрезентација, но по семејната преселба на Седлоски јасно беше дека и Андреа ќе ги менува клупските бои. Локомотива Загреб е новиот клуб на младата македонска ракометарка, која ги договори условите за соработка и денеска и официјално потпиша договор со оваа екипа.

Станува збор за клуб кој е познат по тоа што им дава шанса на помладите ракометари и овозможува правилен развој, а Локомотива покрај настапот во домашното првенство ќе се натпреварува и во ЕХФ-Купот.

Се вчитува...