Оле Гунар Солскјер во својата кариера беше фудбалер и тренер на Манчестер Јунајтед. Норвежанецот беше човек од клупата, кога и да влезеше постигнуваше голови за „Црвените ѓаволи“, меѓутоа не го издржа притисокот и како менаџер на првиот тим.
Норвежанецот моментално е без работа, а додека тој паузира и чека нова понуда, ужива во настапите на неговата ќерка за женскиот младински тим на Јунајтед. Таа се вика Карна Солскјер, има 18 години и игра во нападот. Сезонава има импресивен ефект во младинското женско првенство на Англија, па на 12 натпревари успеа да запише 13 гола.
Кларна дојде во Јунајтед во 2019 година, бргу по назначувањето на Солскјер за тренер на машката екипа. Претходно таа како и татко и беше дел од Молде. Таму Оле беше тренер и донесе титула, а Карна ги бранеше боите на женската екипа.
Оле има и два сина, Ноа и Елаја кои исто така се фудбалери. Ноа игра за Кристијансунд во Норвешка, а Елаја, исто како и Карна, е дел од младинскиот тим на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА