Кеси ги поминува последните денови во Милан, Малдини веќе бара замена

Франк Кеси речиси сигурно ќе си замине од тимот на Милан во јуни идната година и тоа како слободен агент, бидејќи му истекува договорот.

Фудбалерот од средниот ред, долго е во преговори со раководството на „росонерите“, кое не сака да попушти на неговите огромни финансиски барања. Милан му нуди четиригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси бара 8 милиони.

Поради ова Паоло Малдини веќе почна да бара замена за репрезентативецот на Брегот на слоновата коска и стапил во контакт со еден од најдобрите агенти Жорге Мендеш. Директорот на Милан се интересирал за Ренато Санчез од Лил. Португалскиот репрезентативец ја воскресна својата кариера во францускиот состав, а со оглед на добрите реалации помеѓу двата клуба наскоро би можел да се пресели на „Сан Сиро“.

Санчез има договор со Лил до јуни 2023 година, а интерес за неговите услуги покажуваат и Интер и Ливерпул. Сепак, Милан е најблизу до негов ангажман, најмногу поради фактот што Лил на сопствениците на италијанскиот клуб, „Елиот фонд“ им должи 70 милиони евра. Двата клуба може да се договорат во исплатата на овој долг да биде вметнат и Португалецот.

Се вчитува...