Кеси со гол во 92. минута го отпиша Реал Мадрид од трката за шампионска титула во Ла Лига

Барселона славеше со 2-1 во дерби натпреварот против Реал Мадрид и стигна до значајна предност од 12 бода на врвот на табелата пред главниот конкурент во трката за шампионската титула.

Во суперинтересниот натпревар проследен со бројни шанси на двете страни Реал Мадрид беше оној кој прв поведе со автоголот на Араухо во 9. минута, но при крајот на првото полувреме Барселона стигна до изедначување преку Серхио Роберто кој се најде на вистинско место во вистинско време.

Реал Мадрид имаше шанса да стигне до нова предност во 81. минута, но милиметарскиот офсајд по преглед на ВАР спречи гол на Асенсио. Казната за пропуштената шанса следеше во втората минута од судиското продолжение во која Кеси ја затресе мрежата на Курота за јубилејна 100. победа на каталонците во „Ел Класико“ натпреварите.

 

Се вчитува...