„Кеси цело лето го чекаше Јуве, на крајот беше понижен“

Лучијано Спалети уште од почетокот на овој преоден рок го избра Франк Кеси како идеално засилување за Јувентус, играчот за врска дури и доби раскин на договорот што го имаше во Саудиска Арабија, по што се чинеше дека сигурно ќе потпише за „старата дама“.

Преговорите неочекувано се одолговлечија, а „црно-белите“ на крајот извисија – откако Кеси ја одби нивната понуда и потпиша договор со Атлаанта.

Претседателот Карневали изјави дека Јуве сторил за да го доведе Кеси во своите редови, по што веднаш следеше одговор од агентот на фудбалерот, Џорџ Атангана.

„Треба една работа да им биде јасна на сите – преговорите со Јувентус не почнаа во последните денови од преодниот рок. Тоа е приказна што почнува многу недели наназад, штом Кеси по добиениот расин на договорот јасно ми стави до знаење дека сака да потпише за Јувентус. Тој направи сериозна финансиска жртва бидејќи сакаше да дојде назад во Италија да заигра за најтрофејниот клуб, одби и неколку понуди во текот на летото бидејќи Јуве беше приоритет. Чекавме и чекавме, имаше разговори, но не добивавме понуда… И кога таа на крајот дојде, беше… како да објаснам.. после толку чекање, да добиете таква понуда од клуб како Јувентус, тоа беше јасен знак на непочитување, недоверба во квалитетите на фудбалерот. Кеси цело лето го чекаше Јувентус, на крајот беше понижен од овој клуб. Затоа и не потпиша таму, туку експресно се договоривме со Аталанта. Не е вистина дека Јувентус сторил се за да го потпише, напротив, реалноста е сосема, сосема спротивна“, истакна Атангана.

Се вчитува...