Кеси утна „паненка“, Милан загуби на пенали од Јунајтед

Манчестер јунајтед по голема битка триумфираше над Милан во пенал-завршница, откако пресметката меѓу двата поранешни европски шампиони заврши без победник, 1-1.

Алексис Санчез го доведе Јунајтед во водство, на спротивната страна израмни Сусо, за најголемите возбудувања да следат во пенал-рулетот. Се редеа изведувачи од двете страни, беа изведени вкупно 26 пеналии, за точка да стави Кеси од Милан, кој имаше очаен обид за „паненка“ што заврши над голот, за конечна победа на Манчестер јунајтед од 9-8.

Се вчитува...