Кевин Дурант дефинитивно не се враќа сезонава

Кевин Дурант и дефинитивно нема да заигра за Бруклин Нетс сезонава во НБА лигата. Нетс минатото лето го донесоа во своите редови Дурант кој во тие моменти се опоравуваше од тешката повреда поради која се знаеше дека ќе ја пропушти целата сезона.

Поради прекинот на лигата поради пандемијата од коронавирусот и нејзиниот рестарт на 31. јули, почнаа шпекулации дека тој би можел да се врати како би му помогнал на тимот во борбата за што подобар пласман во плеј-офот.

Сепак, Дурант ги демантираше овие информации велејќи дека не сака да ризикува со прерано враќање на паркетот и дека сака да биде што подобро подготвен за новата сезона која според последните најави треба да почне на 1. декември.

Се вчитува...