Кевин Дурант и уште тројца кошаркари на Бруклин Нетс позитивни на Covid-19

НБА тимот Бруклин Нетс потврди дека четворица кошаркари на тимот се позитивни на Covid-19. Тројца имаат лесни симптоми, додека кај еден кошаркар ситуацијата е посериозна. Медиумите откриваат дека еден од заболените е Кевин Дурант.

„Четворица кошаркари покажаа симптоми на Covid-19, сите се во изолација. Ќе бидат тестирани и сите кои имаа близок контакт со заболените играчи“, соопштија од Бруклин Нетс.

Руби Гобер од Јута Џез беше првиот позитивен на Covid-19, по што НБА ја суспендира лигата на 30 дена. Досега има седум позитивни случаи на коронавирусот.

Се вчитува...