„Кевин Дурент сака да игра во Европа“

Американската суперѕвезда Кевин Дурент би можел да се пресели во Европа. Во разговор за „Basket News“ тоа го открива неговиот поранешен соиграч од времето поминато во Бруклин, Едмон Сомнер кој неодамна потпиша за литванскиот евролигаш Жалгирис.

Според Американецот кој не ги криеше импресиите од Дурент веројатноста за тоа е многу голема.

„Можеби ќе дојде. Тој сака да игра во Европа. Го сакам него многу, тој беше одличен соиграч и многу фина личност. Секогаш велеше како сака еден ден да игра во Европа откако ќе заврши со НБА. Верувам и дека ќе се случи тоа бидејќи навистина ја сака кошарката“, изјави Сомнер.

Дурент веќе и ја искуси пеколната атмосфера во Европа. Тој беше дел од спектаклот во Пиреја пред две години каде Олимпијакос и Монако се сретнаа во одлучувачкиот петти натпревари од четвртфиналната серија во разигрувањето.

Се вчитува...