Кевин Гарнет си го купува омилениот НБА тим

НБА франшизата на Минесота Тимбервулвс е ставена на продажба, а еден од можните купувачи е и Кевин Гарнет. Сегашниот сопственик Глејн Тејлор веќе изнајмил фирма која се занимава со продажба како би можел да се откаже од тимот од Минеаполис. 79-годишникот ја купи Минесота во 1994 година за нешто помалку од 90 милиони долари, а во моментов нејзината цена изнесува неверојатно 1,2 милијарди долари.

Повеќето од купувачите сакаат да ја преселат франшизата во друг град, но Тејлор изјави дека тој ќе го продаде тимот само доколку остане во Минеаполис. Гарнет е еден од тие кои што сакаат клубот да остане во градот, а тој уште во 2017 година изјави дека сака да биде сопственик на клубот во кој настапуваше од 1995 до 2007 и од 2015 до 2016 година.

Тој во Тимбервулвс ги имаше најдобрите партии во кариерата, а во 2004 беше избран и за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...