Кевин Пангос ќе ја разигрува ЦСКА Москва (ФОТО)

Кевин Пангос е новиот плејмејкер на ЦСКА Москва откако Канаѓанецот и московскиот клуб договорија соработка до 2024 година. За 29-годишникот ова воедно е и враќање во Евролигата по 24 натпревари одиграни за Кливленд во НБА.

Пангос европската кариера ја започна во Гран Канарија, а потоа со успех го носеше и дресот на Жалгирис, Барслеона и Зенит па се очекува да биде големо засилување за евролигашот во походот кон титула.

Се вчитува...