Кежман: Милинковиќ – Савиќ е „џин“ со бразилски допир, ќе биде подобар и од Погба

Агентот на ѕвездата во подем на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Матеја Кежман вели дека неговиот клиент има специфички карактериски кои го прават поинаков фудбалер од останатите. Екс-напаѓачот на Челси, додаде дека Сергеј во иднина ќе биде и подобар Пол Погба, ѕвездата на Манчестер јунајтед.

„Тој е комплетен фудбалер според мене. Ги поседува сите квалитети да биде фудбалска ѕвезда, едноставно нема граници за него во моментов. Сергеј има посебни карактериски кои го двојат од останатите, тој е „џин“ од 192 сантиметри кој ја контролира топката како Бразилец, но исто така е физички многу силен, што го прави исклучително тежок играч за чување. Со неговите потези често ме потсетува на Зидан, или пак на Лампард, мојот поранешен соиграч. Доколку продолжи во ова темпо гарантирам дека ќе биде подобар од Пол Погба, а во Италија веќе го споредуваат со него“, истакна Кежман.

Благодарение на добрите партии кои ги прикажува сезонава, Сергеј е мета на речиси сите европски гиганти. Неговата цена е 100 милиони евра, а подготвени да ја наполнат касата на Лацио се Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус, а се шекулира дека интерес покажа и Реал Мадрид.

Се вчитува...