КФМ ги избра најдобрите: Магдевски и Митрашиновиќ лауреати за 2021 година

Кошаркарската федерација на Македонија со свечена церемонија во просториите на хотелот Лимак во Скопје ги прогласи најуспешните кошаркари и кошаркарки за 2021 година. Епитетот најдобар кошаркар му припадна на Андреј Магдевски, додека признанието за најдобра кошаркарка го доби Анџелика Митрашиновиќ.

КФМ, меѓу другото, избра и најуспешни клубови, тренери и спортски работници за изминатава година. Епитот најдобар клуб во сениорска конкуренција го понесе КК МЗТ Скопје Аеродром, додека во женската конкуреција истиот и припадна на ЖКК Баскет Кам. Признанијата за најдобри тренери ги добија Горан Самарџиев во машка и Александар Ашаданов во женска конкуренција.

Посебни награди добија и членовите на кошаркарската селекција на Специјалната олимпијада, а постхумано им беа доделени пофалници на Благоја Георгиевски – Буштур, Анте Дуковски, Марјан Лазовски, Војислав Зивчевиќ и Драган Василов Цевка.

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2021 ГОДИНА

⋅ Најдобар кошаркар: Андреј Магдевски – Плоешти, Романија 

⋅ Најдобра кошаркарка: Анџелика Митрашиновиќ – Тарбес, Франција 

⋅ Најдобар млад кошаркар: Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија

⋅ Најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска – Крива Паланка

⋅ Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје Аеродром

⋅ Најдобра женска екипа (сениорки): Баскет Кам

⋅ Најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички

⋅ Најдобра женска екипа (младински лиги): Бадел 1862

⋅ Најдобар тренер на машка екипа (сениори): Горан Самарџиев – Еуро Никел 2005

⋅ Најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашаданов

⋅ Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Андреј Апостолски Лечиќ – Работнички

⋅ Најдобра тренерка на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова – Бадел 1862

⋅ Најдобар играч во 3 на 3: Ервин Цого – Кино Влае

⋅ Најдобра екипа во 3 на 3: Кино Влае

⋅ Најдобар кошаркарски судија: Игор Митровски

⋅ Најдобар македонски репрезент во странство: Емил Рајковиќ – Автодор Саратов, Русија

⋅ Најдобра младинска репрезентативна селекција: Женската репрезентација под 16 години

Се вчитува...