КФСМ: Академија ФМП е валиден прволигаш, може да дојде до фузија и откако ќе стартува сезоната

Академија ФМП е клуб со загарантиран прволигашки статус поради пласманот во ланската прволигашка сезона и се третира како таков се до поинаква одлука на клубот. Ова е ставот на Генералниот секретар на КФСМ, Влатко Георгиевски, по информацијата за најавена фузија меѓу клубот од скопска Кисела Вода и КК Струмица.

Финансиските проблеми на Академија ФМП се причината поради која овој клуб речиси и да нема начин самостојно да учествува во новата сезона, поради што се разговараше со неколку клуба за фузија, а најблиску до финиширање на процесот е Струмица, тим што летово испадна од Првата лига.

„Точно е дека како федерација имаме добиено писмо со намера, во кое сме известени дека КК Академија ФМП и КК Струмица се во процес на фузија. За нас како федерација нема дилема, Академија ФМП е валиден прволигаш, клуб што ланската сезона преку плејаутот обезбеди опстанок и со самото тоа право да се натпреварува во елитното друштво. Следната седмица треба да се одржи ждрепката и во неа ќе се најде овој клуб, а процесот на фузија може да биде завршен дури и по стартот на сезоната, не постои краен рок што е поставен во ситуацијата. Правно гледано, сите права и обврски во моментов паѓааат врз Академија ФМП, се додека не добиеме известување од овој клуб за евентуална промена. Овој клуб мора да ги почитува нормите и пропизициите на федерацијата и на Првата лига“, изјави Георгиевски за ЕКИПА.

Се вчитува...