КФСМ го „уновчи“ ваучерот од Државна видео лотарија и доби уште 10.000 евра спонзорство

Кошаркарската федерација на Северна Македонија успеа комплетно да го наплати ваучерот добиен од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 5.535.000 денари како донација од Државната видео лотарија на Македонија, а соработката е проширена и со дополнителни 10.000 евра како спонзорство. Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ и претставничката на Државната видео лотарија Вики Чадиковска на прес-конференција ја објавија соработката.

„Државната видео лотарија ќе ја помогне КФСМ со 6.150.00 денари. Дел од парите ќе бидат спонзорство дел ќе бидат донација. Големо е задоволството да се има партнер како Државна видео лотарија. Компанијата прва застана зад нас со добра сума на пари кои ќе бидат поделени на сите репрезентации, а најмногу на сениорската“, изјави Перо Антиќ. 

КФСМ му се заблагодарува на новиот партнер за финансиската помош и идната соработка.

„Најдовме партнер кој ги препозна заедничките цели и се надевам дека соработката ќе продолжи уште долги години. Дел од парите се ваучер систем, а дел се од спонзорство“, изјави генералниот секретар Владимир Георгиевски. 

Државна видео лотарија е поддржувач на спортот и покрај помошта за Игор Стефановски – Иџе, отсега меѓу спортските пријатели ќе ги има и кошаркарите.

„Ние не сме нови во помагање на спортот. Бевме дел од спонзорскиот тим на Иџе, се радуваме на неговите успеси. Се надедеваме дека заеднички радости ќе имаме и со кошарката и КФСМ. Чест ни е со КФСМ ни се обрати и што најдовме заеднички јазик за соработка“, изјави претставничката на државна лотарија Вики Чадиковска. 

Се вчитува...