КФСМ со проект за развој на млади кошаркари и кошаркарки

Кошаркарската федерација на Македонија повторно ќе биде дел од развојниот проект во кој досега двапати беше дел како партнерска федерација заедно со Косово, Турција, Романија и Бугарија.

Кошаркарите и кошаркарките во рамки на оваа трета генерација ќе бидат на возраст од 12 до 14 години, кои низ два годишни национални кампови и пет меѓународни турнири ќе се изградат на спортски и социјален план. За првпат е ставен акцент на работа со најмладите категории – 12 и 13 години со можност на тренерите кои ќе ги водат соодветните генерации да вклучат и помали кошаркари и кошаркарки. Третата генерација на млади и перспективни кошаркарски таленти, момчиња и девојчиња, КФСМ ќе ја реализира во текот на наредните две години почнувајќи во јули 2020 година доколку условите го дозволат тоа земајќи ја предвид пандемијата од COVID-19.

Впрочем ова претставува истовремено и најдолгорочен проект, кој ќе влезе во петта година во низа на спроведување, како и најуспешен мултиетнички, мултинационален проект во кој се вклучени пет држави. Тековниот проект, втората генерација од проектот, моментално е во прекин поради пандемијата од COVID-19.

Се вчитува...