Киелце планира сериозно да го засили стручниот штаб за наредната сезона, откако беше обелоденето дека полскиот првак почнал преговори со Дидие Динар, за доскорешниот француски селектор да му стане десна рака на Талант Душебајев на клупата на „жолто-сините“.
Урош Зорман минатата седмица објави дека си заминува од стручниот штаб на Киелце, досега се шпекулираше со домашни имиња како Лијевски и Јуркиевич, но плановите на Душебајев се да го доведе Динар, кој би работел на подобрување на играта во дефанзивна на Киелце. Двајцата беа соиграчи во Сиудад Реал, потоа извесно време Душебајев му беше и тренер на Французинот, па многу добро е запознаен со неговите одбранбени квалитети.
Динар доби отказ по слабите резултати на Франција на ЕП 2020, но според француските медиуми е сериозно заинтересиран да се приклучи на проектот во Киелце. Како последна пречка се наведува финансиската криза што му се заканува на еден од главните спонзори на клубот, но доколку претседателот Сервас го реши овој проблем, доаѓањето на Динар би можело да се официјализира најдоцна за триесетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА