Киелце ќе се спаси, се јавија и нови и стари спонзори

Киелце ќе го избегне „црното сценарио“ и би требало да ги собере неопходните парични средства за клубот да продолжи да функционира како и досега. Претседателот Бертус Сервас, кој почна кампања за собирање на 550.000 евра, обелодени дека спасот на клубот е многу блиску откако бил контактиран од неколку компании, подготвени да вложат значителни средства во Киелце.

„По прес-конференцијата во средата на која ги обелоденивме проблемите со буџетот, се јавија три нови компании кои се сериозно заинтересирани да станат наши спонзори. Исто така, бев контактиран и од три компании кои и досега беа спонзори на Киелце, а сега сакаат да ги зголемат сумите што ги даваат на клубoт. Исто така, имаме сериозен кандидат кој сака да стане генерален спонзор, преговорите се во тек“, обелодени Сервас во интервју за полската национална телевизија.

Тој претходно најави дека ако не биде собрана сумата од 2,5 милиони злоти (околу 550.000 евра) клубот ќе мора да ги продаде најдобрите ракометари, со самото тоа и да си ги намали амбициите во годините што следат.

Разврска од целокупната ситуација исчекуваат и челниците на Вардар, кои во случај на „црно сценарио“ во полскиот првак ќе тргнат по Игор Карачиќ.

Се вчитува...