Киево со деветмина не можеше против Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус имаше успешна мисија во Верона, совладувајќи го Киево со 0-2. Домашниот тим не можеше да му се спротивстави на силниот Јуве, со оглед дека во текот на мечот остана со двајца фудбалери помалку на теренот. Во 37.минута беше исклучен Бастиен, а во 62.минута предвреме во соблекувална мораше и Качаторе.

Тоа Јувентус знаеше да го искористи. Во 67.минута Сами Кедира го постигна водечкиот гол за „старата дама“, а Гонзало Игуаин во 88.минута го постави конечниот епилог.

Јувентус со овој триумф се искачи на првата позиција на табелата со 56 бода, два повеќе од Наполи, кој утре на домашен терен ја пречекува Болоња.

Се вчитува...