Сезона за заборав во Ливерпул и шпекулации за негов трансфер. Федерико Киеза во штотуку завршената сезона во Премиерлигата имаше само 726 минути на теренот и три гола. Премалку за да биде задоволен.
Сега го чека работен одмор, а потоа веројатно нова авантура. Можеби во Серија „А“, којзнае? Неговата желба е да се врати, и тоа во дресот на Јувентус.
„Почнав добро во сезоната, со минутажа и со голови. Бев среќен, но потоа годината заврши поинаку од очекуваното. Но, тоа е фудбалот“, рече Киеза и додава:
„Од почетокот на 2026 година играв многу малку. Имам одличен однос со Ливерпул, во јануари клубот ми кажа дека нема да ме пушти, дека им требам. Ја разбрав ситуацијаа и останав. На крајот на краиштата ова е Ливерпул. Лани освоивме титула“, изјави Киеза кој призна дека бил во преговори со Јувентус.
„Ливерпул ме информираше дека има интерес, но дека преговорите со Јувентус биле неуспешни. Најважно ми е да играм. Ќе разговарам со клубот и со новиот тренер. Морам да бидам стартер. Подготвен сум да се борам за место секаде. Би сакал да се вратам во Јувентус. Никогаш не би заминал од таму. Се зборуваше дека сум сакал многу пари, но тие не ми понудија да продолжам. Тогаш ми рекоа да си барам нов клуб, но Јувентус ми е секогаш во срцето и сакам да се вратам“, изјави Киеза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
