Кијелце убедливо со Веспрем за место на Ф4 во Келн

Ракометарите на полски Кијелце се третиот тим кој обезбеди место на Фајнлфор турнирот во Келн во Лигата на шампионите.

Во реванш дуелот против Веспрем, Кијелце вечерва убедливо славеше со 31-27 (18-12), на тој начин пласирајќи се на Ф4 по оние 29-29 од првиот натпревар во Унгарија.

Шимон Сичко и Алекс Душебајев со по шест погодоци беа предводници во победата на Кијелце, а Недим Ремили со седум гола беше најефикасен во редовите на Веспрем.

Од претходно, место на Фајнлфор обезбедија и ПСЖ, како и Магдебург кој ја елиминираше полска Висла Плоцк. Фајнлфор турнирот во „Ланксес арената“ во Келн ќе се игра на 17. и 18. јуни.

Се вчитува...