Кике Сетиен не го пушта Артур во Јувентус

Ла Лига продолжи, тренерот на Барселона, Кике Сетиен, е фокусиран на вечерашниот меч против Мајорка и трката за шампионската титула, но размислува и за ростерот кој би го имал следната сезона. И не дозволува Бразилецот Артур да го напушти „Камп Ноу“ за да се пресели во Јувентус. Италијанскиот првак инсистира да го добие Артур како дел од пакетот за Миралем Пјаниќ.

„Артур е голем професионалец и многу важен играч за нас во средниот ред. Потребна ни е неговата помош и не би сакал да замине од тимот. Исто така и фудбалерот сака да остане на „Камп Ноу“. Мислам дека нема ништо од неговото заминување, но сега треба максимално да се фокусираме на натпреварите што ни претстојат“, изјави Кике Сетиен.

Барселона вечерва од 22 часот и гостува на Мајорка по рестартот на Ла Лига.

Се вчитува...