„Кикер“ го стави Муслиу во тимот на колото (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу одигра одличен натпревар за својот Ингелштад во 28. коло од Втората германска Бундеслига. Муслиу ефектно со глава погоди во 28. минута и донесе водство од 2-0 за Ингелштад против Ауе.

Германскиот „Кикер“ високо ја оцени прикажаната игра на Висар, па сосема заслужено го смести во тимот на колото.

Ова беше и прв погодок за македонскиот репрезентативец по доаѓањето во германскиот клуб. Ингелштад го чека до крајот на сезоната тешка битка за опстанок во второлигашката конкуренција.

 

Се вчитува...