Кики Бертенс победи и го напушти Ролан Гарос во инвалидска количка

Осморангираната тенисерка на ВТА – листата, Холанѓанката Кики Бертенс, го напушти теренот на Ролан Гарос во инвалидска количка со оглед дека не ја држеа веќе нозете од изнемоштеност по маратонскиот меч и триумфот од 2-1 во сетови над италијанската тенисерка Сара Ерани.

Бертенс првиот сет го доби во тај-брејк со 7-6, вториот и припадна на Ерани со 3-6, а потоа се играше и маратонски трет сет. На крајот славеше Кики Бертенс со 9-7 во гемови и се пласира во следното оло на гранслем турнирот во Париз.

Еужени Бушар со 2-1 во сетови ја совлада австралиската тенисерка Дариа Гаврилова, а изненадувањето е елиминацијата на Викторија Азаренка која со 2-0 сетови (2-6, 2-6) загуби од Ана Каролина Шмидлова од Словачка.

Кај мажите, Станислас Вавринка со 3-1 во сетови го совлада Германецот Доминик Копфер и стигна до 150. победа на гранслем турнирите. Рафаел Надал, според очекувањата, беше доминантен против американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд, победувајќи со 3-0 во сетови.

 

Се вчитува...