Кикс на Чурлинов, им подари гол на Минхен 1860 па заменет по само 20 минути игра (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов конечно стартуваше во составот на Шалке 04 на дуелот од Купот на Германија против Минхен 1860.

Но, неславно по само 20 минути игра заврши неговиот настап против Минхен 1860.

Уште во 5. минута, македонскиот фудбалер направи голем кикс пред својот гол подарувајќи топка на противникот кој поведе со 1-0 со голот на Лекс.

Во продолжението од играта, тренерот на Шалке 04 веќе во 22. минута се одлучи да го извади Чурлинов од игра внесувајќи го Оувејан. На полувремето Минхен 1860 има предност против Шалке 04 од 1-0.

Се вчитува...