Кикс на „кралевите“ и во Виго: На -16 бода од Барселона!

Реал Мадрид, се чини, полека и се откажува од трката за годинашната шампионска титула во Примера. „Кралевите“ запишаа нов кикс во шампионатот, ремизирајќи (2-2) на гостувањето против Селта Виго.

Имаше водство Реал до 82. минута кога Гомез донесе израмнување за Селта за конечни 2-2. Претходно, домашните поведоа со голот на Вас во 33. минута, но со два погодоци на Герет Бејл за само 120 секунди, во 36. и во 38. минута, „кралскиот клуб“ стигна до целосен пресврт.

Сепак, ниту двата погодоци на Бејл не беа доволни за заминување со цел плен од Виго.

По овој нов кикс Реал Мадрид со 32 бода остана на 4. место, со цели 16 бода заостанување зад водечката Барселона.

Се вчитува...