Кикс на „лацијалите“, неверојатен пресврт на Болоња и триумф за Михајловиќ

Лацио неочекувано загуби во 3. коло во Серија А на гостувањето против СПАЛ со 2-1.

„Лацијалите“ дојдоа до предност со голот на Имобиле од пенал во 17. минута. Но, домашните израмнија преку Петања во 63. минута, а во 92. минута и вистински го шокираа противникот со голот на Куртиќ за триумф од 2-1.

Болоња стигна до неверојатна победа од 3-4 со голем пресврт. Тимот на Синиша Михајловиќ, кој овој пат не го водеше составот од клупата, на полувремето имаше негатива од 3-1 на гостувањето против Бреша. Но во вториот дел со три погодоци Болоња дојде до големата победа.

Каљари триумфираше на гостувањето против Парма со 1-3.

Се вчитува...