Кил го чува најдобриот – Ландин потпиша до 2025 година

Никлас Ландин уште долго ќе го брани голот на Кил откако искусниот голман денеска потпиша нов четиригодишен договор со актуелниот европски првак. По мегатрансферот на Микел Хансен од Алборг во 2022 година се најавуваше дека Ландин би можел да ги следи стапките на својот репрезентативен колега и да се врати во татковината.

Сепак, извонредниот чувар на мрежата денеска стави крај на тие шпекулации потпишувајќи со Кил до 2025 година.

„Останувањето на Ландин е јасен сигнал од наша страна, успеавме да го убедиме во нашиот план бидејќи сите работиме заедно за иста цел – Кил да продолжи да биде дел од врвот на европскиот ракомет“, изјави менаџинг директорот на германскиот гигнт, Виктор Шилаги.

Самиот голман исто така беше презадоволен од постигнатиот договор.

„За мене немаше друга опција. Сакав само да потпишам нов договор со Кил, се чувствувам прекрасно овде, моето семејство е одлично. За мене Кил е најдобриот клуб во светот на ракометот“, истакна Ландин.

Се вчитува...